Бугарскиот премиер Бојко Борисов синоќа оствари средба со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, за време на состанокот во Загреб.
Тој апелираше до Македонија да се откаже од антибугарската реторика, доколку нашата држава сака да влезе во ЕУ.
„Синоќа разговарав со колегата Мицкоски. Антибугарската реторика која тие ја користат треба да ја заборават и да сфатат дека е погрешна. Доколку некој од нив каже дека Бугарија е фашистички окупатор, тогаш нема да добијат помош од нас, затоа што не сме окупатори, а историјата нема да се менува. Никогаш нема да дозволам на Бугарија да и лепат таква етикета“, истакна Борисов за Спутник.
Борисов истакна дека на средбата со Мицкоски од него добил уверување дека приклучувањето на Република Северна Македонија во Европската унија и НАТО е приоритет за неговата партија.
– Тој ме увери дека приклучувањето на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, напиша Борисов на својот Фејсбук профил.