Утре во големата сала на Општина Кисела Вода во организација на Македонското здружение на млади правници од 13:30 до 15:30 часот ќе се одржи едукативна сесија за правна поддршка на населението со ниски приходи.
На едукативниот настан кој ќе се одржи во рамки на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи” присутните ќе имаат можност да се запознаат со тоа како да добијат бесплатна правна помош и права од социјална заштита. Настанот е наменет за жителите на Општина Кисела Вода.
Проектот на Македонското здружение на млади правници се реализира со финансиска поддршка од Европската унија.