Шведскиот голгетер, Златан Ибрахимовиќ, доби понуда од милан вредна шест милиони евра за година и пол дена, пренесува Газета дело спорт.
Искусниот 38 годишен фудбалер би имал гарантирана соработка во период од шест месеци, додека следната сезона би била опционална.
Се пишуваше дека Ибрахимовиќ бара шест милиони евра за шест месеци, но Швеѓанецот има 38 години, па се чини дека понудата на Милан е многу пореална отколку неговите барања.
Фудбалерот наскоро треба да се изјасни дали ќе прифати да се врати во Милан.