Жозе Мурињо од вчера и официјално е нов тренер на Тотенхем. По пауза од година дена, Португалецот се врати на својата работа, а во лондонскиот тим доаѓа на местото кој Покетино, кој доби отказ по пет години минати во клубот.
Првиот човек на Спарсите, Даниел Леви, според пишувањата на Guardian соопшти дека на Мурињо уште на преговорите му било соопштено дека клубот нема да може да обезбеди средства за нови засилувања во јануари.
Па така, португалскиот стручњак ќе мора да работи со тимот кој моментално го поседува. Големи потписи нема да има, но очигледно е дека тоа на Посебниот не му пречи бидејќи прилично лесно се согласи на новата работа.
Единствениот услов кој го истакна пред Леви е дека не смее да го продаде Хари Кејн, а првиот човек на клубот му вети дека ќе го исполни тој услов.
Мурињо потпиша договор на три години, годишно ќе заработува 15 милиони евра.