Новиот претседател на Европската народна партија (ЕПП), денеска во Загреб изјави дека на почетопкот на идната година може да се донесе одлуката за унгарската владеачка партија „Фидес” на премиерот Виктор Орбан, која е суспендирана од ЕПП заради прекршување на демократските стандарди.
-Одлуката за тоа имам намера да ја донесам кон крајот на јануари, рече Туск на прес конференцијата во Загреб.
Истовремено тој ја исклучи можноста во ЕПП да влезе партијата „Лига” на италијанскиот десничарски лидер Матео Салвини.
-И мојата имагинација има граници, рече Туск.
ЕПП ја суспендира „Фидес” во март годинава и формираше тричлена комисија, чиј извештај се очекува до крајот на декември.
Заради суспензијата ЕПП не го повика Орбан на конгресот во Загреб, на кој Туск синоќа беше избран за нов претседател на оваа главна европска партија на десниот центар.
Во пресрет на изборот Туск им најави „војна” на популистите, алудирајќи на „Фидес”, и порача дека во ЕПП нема место за оние кои „граѓанските слободи, владеењето на правото и пристојното јавно однесување ги жртвуваат на олтарот на безбедноста и редот”.
Хина , сепак, денеска забележува дека Туск на прес конференцијата го ублажил вчерашниот став, изјавувајќи дека „ интелектуалните судири не се ништи непознато во ЕПП”.
-Тоа за мене е сложено прашање. Не можам да се согласма со некои политички одлуки и идеи на Орбан, но истовремено ние сме блиски пријатели и имаме доста заеднички работи, рече Туск