Уапсени двајца скопјани, провалиле во автомобил во Шутка и украле чанта со пари

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.О.(31) и Б.К.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомневање дека извршиле едно кривично дело „тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист.

На 18.11.2019 во периодот од 11.00 до 11.25 часот на паркинг простор на улица Њу Делхиска пријавените со употреба на сила отвориле патничко возило „форд фокус“, со тетовски регистарски ознаки и одзеле пари од чанта.

По преземени мерки, тие биле пронајдени истиот ден и во разговор со полициските службеници го признале делото.

Треба да знаете
Последни објави