Јазид Суфаат, биохемичар обвинет за блиски врски со Ал Каеда и за заговор за терористички напади, е ослободен од затвор откако отслужи две години од казната во Малезија. Властите велат дека ќе го следат внимателно, пренесува РТ.
Суфаат беше обвинет дека ја користел својата експертиза и познавања од биолошките науки и хемија што ги стекнал на Државниот универзитет во Калифорнија за да им помогне на Ал Каеда и на други терористички групи.
Тој е вмешан во серија злосторства поврзани со тероризам. Во 1990-тите, наводно, се обидел да создаде оружје за масовно уништување нанесувајќи смртоносен вид антракс врз муниција. Во 2000 година, тој се обидел да го бомбардира Сингапур користејќи четири тони нитрат на амониум.
Исто така се верува дека Јазид поминал воена обука во Авганистан и се сретнал со лидерот на Ал-Каеда, Осама бин Ладен, а можеби бил дури и присутен на состанокот на кој се разговарало за плановите во врска со нападите на 11 септември 2001 година.
Исто така, се вели дека Јазид регрутирал терористи за Исламска држава и за Ал Каеда, активности за кои доби двегодишна затворска казна. Вкупно, тој помина 12 последователни години зад решетки.
Малезиските власти велат дека од Суфаат ќе носи електронски уред за набљудување и ќе мора да останат во одредена област во Куала Лумпур. Тој, исто така, ќе мора да се пријавува во полиција двапати неделно ако сака да остане надвор од затвор.