Бројот на превезените патници во патниот патнички превоз во третото тримесечие годинава во однос на тој квартал лани бележи намалување за 24,9 отсто, во градско-приградскиот превоз има зголемување за 6,1 отсто, во железничкиот превоз нема промени, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 13,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Во однос на второто тримесечје од 2019 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е намален за 5,5 отсто, во градско-приградскиот превоз е намален за 14,1 отсто, во железничкиот превоз за 15,6 отсто, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 29,8 отсто.
Според објавените податоци, во третото тримесечје од 2019 година, во споредба со третото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 9,4 отсто, во воздухопловниот превоз е намаленo за 22,5 отсто, додека во железничкиот превоз е намаленo за 3,2 отсто.
Во однос на второто тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 11,8 отсто, во воздухопловниот превоз е намалено за 19,8 отсто, додека во железничкиот превоз е намалено за 14,5 отсто.