Вработена во македонската армија пријавила во СВР Куманово дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков”, потврди денеска МВР.
Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19:20 часот, го пријавила вработената во АРМ.
– Пријавила дека на 18.11.2019 околу 13:00 часот во касарната „Боро Менков” во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа, се наведува во соопштението на МВР.
Од полицијата информираат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.