Водостојот на сите реки во земјава е зголемен во однос на вчерашниот, а најголемо зголемување, повеќе од двојно имаат Црна Река и Струмица на по едно од мерните места, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, нивоата на реките најчесто се пониски од повеќегодишниот просек за ноември, а исклучок е Вардар во Скопје каде водостојот е повеќе од двојно повисок од вообичаениот.
Зголемување на нивоата бележат и Дојранското и Охридското Езеро, а водостотјо на Преспанското е ист како вчера.