Од игротеката Дежа ву во трговскиот центар Капитол, споделија видео од надзорните камери од овој простор на кое се гледа како три деца играат, а жена зема едно нив и го тресе и шамари.
Од игротеката апелираат со помош на ова видео, надлежните органи да превземат мерки за овој немил настан како жената би се идентификувала и казнила.
https://youtu.be/0_8W2Kxmffk?t=142
Како што покажуваат камерите, таа дошла во игротеката на кафулето со три дечиња, веројатно братчиња. Во еден момент таа го влече едното од децата, грубо го седнува на нејзиниот скут, па го зема, му мава шлаканици, па грубо го фрла на една столица. Тука видеото се прекинува, и не може да се види што понатаму се случувало.