Министерството за одбрана ќе има нулта толеранција за сексуалното вознемирување

По пријавата за обид за сексуално вознемирување  на припадничка на Армијата од старана на свој колега во касарната во Куманово, со реакција се огласи Министерството за одбрана на С. Македонија.

Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување. Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже министерството ќе има нулта толеранција. Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата.

 

Треба да знаете
Последни објави