Интегрален текст од прес конференцијата на Хари Ловенец, пратеник на СДСМ
„Јавноста вчера го виде лажното лице на Христиjан Мицкоски, неговото лицемерие и лажен патриотизам. Едно зборува пред граѓаните друго зборува надвор од државата. На средбата со премиерот на соседна Бугарија, Бојко Борисов, Мицкоски рече дека го поддржува Договорот за добрососедство и пријателство.
Две години Мицкоски зборува дека е против Договорот со Бугарија, за вчера за само две минути да каже дека го поддржува Договорот. Кога лаже Мицкоски? Кога на прес конференции од белиот дворец и на средби со граѓани низ државата велеше дека Договорот е штетен и капитулантски?
Или вчера излажа Мицкоски, во Загреб кога кажа дека тој и ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат Договорот за добрососедство и тоа на бугарски јазик. Кому сега ќе му се извини Мицкоски за неговите лажги со опашки? На граѓаните или на бугарскиот премиер Борисов? Овој скандалозен однос на Мицкоски е нечесен кон граѓаните, нечесен кон државата и нејзините национални интереси!
Почитувани граѓани, Се потврди, Мицкоски нема став. Едно зборува пред домашната јавност, а сосема друго пред странските политички претставници. Тоа е истата матрица на Никола Груевски. Мицкоски не може да понуди ништо освен лажен патриотизам, лицемерие и одбрана на криминалот. Затоа граѓаните ќе го казнат таквиот нечесен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не сакаат лицемерни и политичари кои немаат став, кои едно зборуваат дома, друго надвор. На 12 април доаѓа поразот на лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски.“