Од петок ќе почне вакцинацијата со бесплатните вакцини против грип. За пензионерите обезбедени се 28.000 дози кои на тендер ги набави Министерството за здравство. Вакцини имследуваат оваа година на сите пензионери над 65 години, хронично болни, трудници и деца до 5 годишна возраст. Во Скопје за да нема гужви и нервози во центарот за јавно здравје, имунизација со овие вакцини ќе има и во вакциналните пунктови во поликлиниките Ѓорче Петров, Букурешт и Чаир.
За разлика од лани, годинава е многу проширена групата на граѓани за кои се предвидени бесплатните вакцини и прашање е дали ќе бидат доволни за оваа популација. Преку Мој Термин голем број граѓани веќе закажале вакцинација во центрите за јавно здравје.
Во меѓувреме од понеделник почна и имунизацијата со комерцијалните вакцини за кои граѓаните плаќаат по 650 денари. Во Скопје од набавените 5000, веќе потрошиле 1000 дози. Бесплатните вакцини се од холандски а комерцијалните од француски производител. Засега нема информацијата до каде е најавената донација од 10 000 вакцини кои требаше да ги добијат здравствени работници како една од ризичните категории.