Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Русија внимателно ќе ги следи активностите на НАТО во вселената и ги повика членовите на Алијансата да ги поддржат напорите на Москва за да спречи трка во вооружување во вселената.
НАТО претходно објави дека ги проширува своите операции во вселената, петтата оперативна зона, по копно, море, воздух и од неодамна кибер просторот.
– Ваквите изјави предизвикуваат загриженост. Военото планирање на Алијансата има за цел постигнување супериорност во сите средини со сите последици што произлегуваат од тоа, како што се милитаризација и ескалација на тензиите, рече Захарова.
Таа додаде дека Москва внимателно ќе следи како и на кој начин ќе се остварат уверувањата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека намерата не е да се распоредување оружје во вселената.