Поранешниот играч од средниот ред на Ајакс, Интер и Реал Мадрид, Весли Снајдер е убеден дека не го прикажал во целост својот потенцијал. 35-годишниот Холанѓанец ја заврши кариерата оваа година, но не жали за ништо.
-Ако му дадов 100% на фудбалот, би можел да бидам на исто ниво со Меси и Роналдо, но не го сакав тоа и не жалам за тоа. Бев професионалец, но во животот има и други нешта освен фудбалот, како што е и кај секоја друга професија. Задоволен сум од постигнатото во мојата кариера, изјави Снајдер.
Во текот на кариерата тој има освоено бројни трофеи, а беше шампион во Холандија, Италија, Шпанија, има трофеј со Интер во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Со репрезентацијата на Холандија најголем успех му е финалето на Мундијалот во 2010 година.