Лицето со иницијали Б.Л на 83-годишна возраст било пронајдено во бесознание во куќа, каде мпросторијата му била зачадена. По неговото тело немало изгореници. Пренесен е во Јавната здравствена установа во гевгелија за укажување на лекарска помош.
Настанот се случил на 20.11.2019 , а случајот е пријавен околу 12.20 часот во Полициската станица Гевгелија. Полициските службеници излегле на терен во куќа на ул.„Солунска“ во с.Селемлија, гевгелиско, каде го пронашле Б.Л.(83), во бесвесна состојба.
Според пријавеното од неговото семејство, тој боледувал од склероза и бил делумно подвижен. По извршениот увид од страна на екипа од Полициската станица Гевгелија се преземаат мерки за расчистување на случајот.