Франција за првпат од почетокот на мигрантската криза во 2015 година ја надмина Германија и стана прва европска земја за барателите на азил, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер.
– Франција од 20 октомври е прва европска земја за баратели на азил, иако опаѓа бројот на мигранти кои пристигнуваат во Европа, рече Кастанер.
Во екот на мигрантската криза, Франција имаше 80.075 барања за азил, а Германија 890.000.
Сега Франција има мала предност пред Германија. До 17 ноември биле поднесени 120.900 барања за азил во Франција, а 119.900 во Германија, соопштија извори блиски до француското Министерство за внатрешни работи.