Тениската sвезда на Србија, Новак Ѓоковиќ смета дека турнирите „Дејвис Куп” и „АТП Куп” можеби нема да преживеат и смета дека е подобро да се одржи едно елитно натпреварување за најдобрите осум екипи во септември. Ѓоковиќ (32), кој има 16 Гренд слем сингл титули, помогна на Србија да се пласира во четвртфиналето, по победи над Јапонија и Франција во групата „А” од новиот формат со 18 тимови во „Дејвис Купот” во Мадрид. Како и да е, во јануари претстои првото издание на „АТП Купот” во три австралиски градови, во кое ќе учествуваат 24 машки екипи, а тоа го поставува прашањето зошто две вакви натпреварувања ќе треба да се одржат во растојание од само шест недели.
– Сигурен сум дека организаторите на „Дејвис купот” даваат се од себе за овој турнир да успее. Има многу одговорност и притисок врз нив, бидејќи тоа е најтрадиционалното и историско тимско натпреварување во нашиот спорт. Сè треба да биде совршено. Определувањето датуми за турнирот секогаш предизвикува прашања, во случајов за „Дејвис Купот” и „АТП Купот”. Според мене, најдобро решение е да се спојат двата турнира. На долг рок, лично, не мислам дека двата турнир ќе можат да постојат одделно, разделени само од шест недели, коментира Ѓоковиќ.
Србинот смета дека верзијата слична на Суперкупот со осум екипи во септември би била најдобра.
– Ми недостасува да играм дома во Србија за „Дејвис купот”, но од друга страна ја поддржувам идејата за промена на стариот формат. Можеби идеалната опција е некаде во средина. Создавање елитен завршен турнир со осум екипи и можеби една недела или две претходно квалификации, вокои тимови за повторно ќе да можат да играат како домаќини за пласман во најдобрите 8, рече Ѓоковиќ.
Наградниот фонд на „АТП Купот” е 15 милиони долари, а „Дејвис купот” одвојува околу 18 милиони долари и уште 9 милиони долари на федерациите кои учествуваат.