По неуспехот да стане преговарач за влез во ЕУ, Бојан Маричиќ мора да ја преземе улогата на мегафон на измамникот Заев за ширење лажни вести, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ по прес конференцијата на претседателот на Комисија на СДСМ за Европски прашања.
ЕУ ја прочита корумпираноста и неспособноста на Зоран Заев и неговиот тими затоа сега Маричиќ мора да се сврти кон лажењето. Зоран Заев потроши три години од животот на граѓаните, распродавајќи ги државните и национални интереси за на крај да добие силен шамар пд ЕУ. Заев лажеше дека проблемот кој Грција го има е единствената пречка за добивање на датум, но реалноста го демантираше и целата јавност се увери дека ЕУ не сака да преговара со криминалци.
Криминалот, корупцијата и рекетот не се и неможат да бидат европска вредност. Со Заев на чело на државата Македонија е пример за кримимал, корупција и рекет. Заев сака да остане на власт за да го продолжи криминалниот начин на владеење. Затоа се сите лажни вести и манипулации. Залудно е колку и да се труди СДСМ да ја лаже јавноста. Никој повеќе не им верува. Во тоа ќе се уверат и самите кога а 12 април ќе ги изгубат изборите.