Србија со ништо не го загрози пријателството со Русија, но зошто…?, го прашал русикиот амбасадор, српскиот претседател Алекандар Вучиќ, изјавувајќи вечерва на прес конференција по состанокот на Советот за национална безбедност, по повод аферата со снимката на рускиот разузнавач Георгиj Клебан кој дава пари на, како што кажа Вучиќ, „пензинираниот потполковник на српската војска З.К”.
Вучиќ по анализата со врвот на српската политичка и безбедоносна власт порача дека „Србија нема да ја менува политиката кон Русија со која негува пријателски односи и ќе продолжи со политиката на неутралоност и нема да ја менува политиката кон НАТО и нема да влезе во НАТО”.
– Србија е изложена на силна, офанзивна разузнавачка активност, која го надминува нивото на пристојност, изјави српскиот претседател, објаснувајќи дека во „Србија се активни службите на големите сили, но и на земји од регионот, кои легално и нелагално собираат разузнавачки податоци за политичко-економската моќ на Србија, но и со цел на влијание врз нејзината политика, а против нејзините интереси.”
Во врка со самата афера, Вучиќ изјави дека снимката не е направено од српските разузнавчки служби, но ВБА била запознаета со овој настан, кој се случил на 24 декември 2018 година.
– Следејќи го објектот на обработка, српската служба дојде до податоци дека во Земун во 18 часот, пензинираниот потполковник на српската војска З.К. требал да се состане со потполковникот на Руската федерација, Георгиj Клебан. Нашата служба примени оперативни мерки за следење и документирање на наведениот контакт, но по евидентирањето на доаѓањето на Клебан со такси возило и контакт со З.К, кое било на голема одалеченост поради безбедосни причини, документирањето не било можно, кажа Вучиќ, кој додаде дека биле „приметени и други три лица лица со возило ауди, кои биле во контраследење и го обезбедувале местото на контакатот во Земун, за да не дојде до било какво докуметирање на средбата меѓу потполковниците Клебан и З.К.”
Според Вучиќ, службите имаат видео и аудио документација за повеќе контакти не само за двајцата потполковници,туку и за други припадници на руски служби за безбедност со лица од српската војска, но нема да оди во јавност со тоа.
-Само за Клебан докуметирани се вкупно 10 контакти со три конспиративни извори, каде Клебан барем три пати врачува пари, за што имаме и фото и водео докумтација, како и за 9 други лица од српската војска. Клебан тогаш беше помошник изасланик за одбрана во руската амбасада во Белград, изјави Вучиќ.
Според српскиот претседател потполковникот З.К и порано бил следен, уште кога контактирал во 2012 г. со хрватската служба за давање документи за војната во Хрватска, а од 2017 биле забележани повеќе негови контакти со припадници на руската служба.
Вучиќ наведе и за повеќе случаи на контати и разузнавачки активности на припадници на германската, австријската и бугарска служба.
Тој најави во наредните денови повеќе „оштри активности од страна на обвинетелството и негативни реакции од поедини земји во регионот”.
Вучиќ на крај повтори дека Србија нема да ја менува својата политика на независност и дека ќе ги засилува воените, полицијски и разузнававачки сили.