Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев e добитник на годинешната меѓународна награда „Иса Бег Исхаковиќ“ која ќе му биде врачена на традиционалната Свечена академија во Народниот театар во Сараево на 27 ноември.
„Г-дин Зоран Заев не само што значително ги подобри односите во регионот на Западен Балкан, туку покажа силно политичко лидерство во контекст на порешителен пристап на регионот во однос на приближувањето кон Европската унија и НАТО. Комитетот не може да знае како ќе изгледа политичката биографија на Зоран Заев следната година, како што тоа не беше можно и во однос на претходните лауреати кои Комитетот им ги додели, но истите и ги заслужиле, но напорите, иницијативите и резултатите на г. Заев во 2019 година несомнено ќе бидат забележани како позитивни и историски ценети, соопштија од Комитетот.