Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела, им недостига опрема.
„Киев ќе бара да се врати опремата“ додаде Зеленски.
Пречекувајќи ги бродовите во украинкото пристаниште Очаков, Зеленски, како што наведува украинската агенција „Укринформ“, рекол дека недостига дел од опремата на бродовите, пренесе ТАС С.
„Адмиралот и јас разговаравме и некои работи не можат да бидат објавени, но дел од вооружувањето недостига. Забележав каква е состојбата и ќе биде спроведена истрага. Дефинитивно ќе контактираме со руската страна, за да и врати се што беше таму“ рекол Зеленски.
Тој додал дека бродовите ќе продолжат да ја извршуваат својата функција по поправките, кои би требало да траат околу три месеци.
Русија на 18 ноември ѝ врати три бродови на Украина, запленети за време на инцидентот во Керчкиот теснец.