Во текот на 20.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи, од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 10 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила, од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и 13 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, осум возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, 20 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 108 мандатни платни налози и 71 возило е подигнато со специјално возило „пајак”.