Новиот тренер на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Жозе Мурињо ја одржа својата прва прес-конференција откако го презеде кормилот во свои раце кај „петлите”. Португалецот беше назначен за нов стратег на Тотенхем само неколку часа по разрешувањето на Маурисио Почетино.
Португалецот ја изрази својата почит кон Аргентинецот и изјави дека секогаш ќе биде добредојден назад во клубот.
– Овој клуб секогаш ќе биде негов дом. Можеби ќе дојде време кога тој ќе помисли дека му недостасуваат луѓето со кои работел овде. Вратата секогаш ќе биде отворена за него. Од искуство, велам дека утре е нов ден и тој повторно ќе си ја најде среќата, рече Мурињо.