САД ги негираа извештаите на весниците од Јужна Кореја дека размислуваат да повлечат најмногу 4.000 војници од Јужна Кореја, доколку Сеул повеќе не плати за одржување на американскиот контингент од 28.500 војници во случај на агресија од Северн Кореја.
Јужнокорејскиот весник „Косун Илбо“ објави дека за повлекувањето на американската бригада, што е околу 3.000 до 4.000 војници, било разговарано со лидерите на американската војска во Јужна Кореја, повикувајќи се на неидентификуван дипломатски извор во Вашингтон.
Извештајот доаѓа два дена откако САД ги прекинаа разговорите за одбранбените трошоци, откако побараа Јужна Кореја да го зголеми својот годишен придонес за американскиот контингент на 5 милијарди, изјави еден официјален претставник на Јужна Кореја, што е повеќе од пет пати отколку што плаќа сега.
„Нема апсолутно никаква вистина во извештајот на ‘Косун Илбо’ дека американскиот Стејт департмент моментно размислува за какво било повлекување од Корејскиот Полуостров“, рече Џонатан Хофман,портпаролот на Пентагон.