Радар пронајде 145 гробови на Афроамериканци под училиште на Флорида

Гробови на 145 луѓе се откриени под средно училиште во Тампа, во американската држава Флорида, објави Би-би-си. Како што се наведува, тие се дел од гробиштата Риџвуд, изградени во средината на 20 век за сиромашните.

Ковчезите, затрупани на 1-1.5 метри длабочина, се откриени со употреба на радар, откако училиштето било предупредено за можната локација на гробиштата.

Извештаите покажуваат дека повеќе од 250 луѓе биле закопани таму, повеќето од нив се Афроамериканци. Дури 77 од нив биле новороденчиња или мали деца.

Градот ги отворил гробиштата Риџвуд во 1942 година и го продал на приватна компанија во 1957 година. Училишната област ја стекнала земјата во 1959 година, отворајќи го средното училиште Кинг во 1960 година.

Денес, локацијата се состои од отворено земјиште и земјоделска зграда на училиштето.

Треба да знаете
Последни објави