Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл нема да биде казнет од клубот за славење на пласманот на Европското фудбалско првенство 2020 како дел од тимот на Велс.
После победата над Унгарија (2:0) во последното коло од квалификациите, играчите, меѓу кои и Бејл, се радуваа на теренот држејќи го знамето на земјата, на која пишуваше „Велс, голф, Мадрид … по тој редослед”.
Според ЕСПН, клубот од Мадрид ја нарече оваа прослава „лоша шега”.
Претходно, поранешниот напаѓач на Реал Мадрид Предраг Мијатовиќ изјави дека приоритети на Бејл Велс и играње голф, а потоа Мадрид. По тој редослед.
Фановите на екипата на Велс прво ја претворија оваа фраза во скандирање, а потоа ја напишаа на знамето, со кое играчите на крајот ја прославија победата.