Американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да преземе заслуги за отворање погон на „Епл”, што работи со години, а потоа го обвини спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, за затворање на Конгресот.
-Денес отворив голема фабрика за„ Епл “во Тексас, која ќе врати работни места со високи плати во Америка. Денес, Ненси Пелоси го затвори Конгресот затоа што не е заинтересирана за американски работници”, објави Трамп на Твитер.
Сепак, како што пренесуваат американски медиуми, ништо од тоа не се случило.
Наводно, Трамп посетил фабрика во Остин, Тексас, што го произведува МекПро за „Епл” од 2013 година.
„Епл” во септември објави дека ќе продолжи со производство на линијата МекПро во Остин, бидејќи администрацијата на Трамп се согласи да се откаже од царините за делови од Кина.Компанијата планира да го прошири бизнисот во Остин и соопшти дека почнале со изградба на нов кампус во тој град.
Претставничкот дом на Конгресот сепак, работеше по план донесувајќи закон за подршка на демонстрантите во Хонг Конг иако Трамп напиша дека Пелоси „го затворила Конгресот”.