Чадиковски почна да оперира деца во „Систина“ на товар на Фондот

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ почнаа да се вршат кардиохируршки интервенции на деца до 18 години со кардиоваскуларни болести кои се покриени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Можноста произлегува од анексот на Договорот за извршување и плаќање на здравствени услуги во областа на кардиоваскуларна хирургија на осигурени лица кој го потпишаа ФЗОМ и „Аџибадем Систина“.

Овие интервенции ги извршува тим од доктори предводен од Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, заедно со доктори од „Аџибадем“ од Турција кои зад себе имаат повеќе од 15 илјади интервенции. Станува збор за тим од десетмина доктори кардиохирурзи, кардиолози, интернисти, анестезиолoзи, перфузионисти и педијатри за кардиолошки интервенции кај деца.

Предност е што искусниот тим на доктори кои доаѓаат од Турција ќе бидат достапни секоја недела во земјава и ќе бидат вклучени во третман на кардиолошки заболувања кај деца.

Треба да знаете
Последни објави