Три семејства од Кисела Вода добија пакети со храна и облека од градинката Мимоза

Под мотото „Биди хуман за секој да биде среќен” денеска со поддршка на Општина Кисела Вода и хуманитарната организација „Св. Спас”, вработените и децата од објектот на ЈДГ „Весели Цветови”, „Мимоза” во домовите на три социјално загрозени семејства донесоа насмевки и хуманитарни пакети.
За успешно спроведување на хуманитарната акција, родителите на децата од градинката донираа многу храна и облека за семејствата кои живеат на територијата на Општина Кисела Вода.
Акцијата градинката „Мимоза” ја спроведе по повод Светскиот ден на децата.

Треба да знаете
Последни објави