Ангеловски: Немавме среќа во ждрепката, нека не послужи на натпреварите и етене на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација доколку го совлада Косово во полуфиналето од Лигата на нации, натпреварот за пласман на ЕВРО 2020 ќе го игра на гости во Грузија или Белорусија. Домаќин на решавачкиот меч за пласман на ЕП ќе биде подобриот од другиот полуфинален дуел Грузија – Белорусија. Така одлучи денешната ждрепка во Нион.

Македонија за да се пласира во финалето ќе мора да победи против Косово на домашен терен на 26. март 2020 година. Евентуалното финале, македонската репрезентација ќе го одигра на 31. март 2020 година.

Селекторот на македонската А репрезентација Игор Ангеловски вели дека за нас најважен е натпреварот со Косово, а мотиви за евентуално финале нема да недостасуваат.

-Ждерепката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. А, што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра, бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари и да се најдеме на ЕП, изјави Ангеловски.

Треба да знаете
Последни објави