Богдановиќ: Да ги израдувам маџирмаалци, почнуваме со реконструкција на нивното место,пак ќе го вратиме како симбол на Маџир маало

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ги образлози градежните активности коишто се одвиваат во населбата Маџир маало во општина Центар и реконструкцијата на улиците: „Титовелешка“, „Петричка“ и „Ѓуро Ѓоновиќ“ .

-Откако ја завршивме капиталната улица, а тоа е улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ на главната сообраќајница во Маџир маало којашто не беше реконструирана 50 години, и откога ја започнавме улицата „Петричка“, ова е трета улица која ја почнуваме во изминативе две години. Со ова покажуваме сериозност колку сакаме Маџир маало да се развива и модернизира. Станува збор за улица долга 369 метри на којашто целосно се реновира фекалната и водоводнота мрежа на улицата „Титовелешка“ и очекуваме најдоцна до 20-ти јануари следната година да завршиме со сите градежни активности. Паралелно сакам да ги израдувам маџирмаалци дека наскоро започнуваме со реконструкција на нивното место коешто беше претходно срушено,  дека повторно ќе го вратиме како симбол за маџирмаалци. Воедно продолжуваме со поддршка на сите нивни активности околу организирање на традиционалните маџирмаалски средби и во брзо време со реконструкција на долното игралиште на кејот на реката Вардар и се надевам ,дека до крајот на оваа и почетокот на идната година , некои работи што ги имаме ветено ќе ги испочитуваме,  изјави градоначалникот.

Претходно реконструираната улица „Ѓуро Ѓоновиќ“, со комплетно нова  атмосферска, водоводна и фекална канализација,  како и тековните градежни активности на улицата „Петричка“ и поставувањето на нова водоводна и фекална мрежа на улицата „Титовелешка“, Општина Центар ќе придонесе во подобрување на квалитетот на живот на маџирмаалци во однос на уредување на градежното земјиште и комуналните работи и пред се’, зголемување на квалитетот за пиење вода во Маџир маало.

Градежните активности на улицата „Титовелешка“ со должина од 396 метри се реализираат со поддршка од Министерството за финансии преку проектот за подобрување на општинските улуги и финансиски заем од Меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка).

Треба да знаете
Последни објави