(Видео) Трамп го одликува легендарниот актер, таткото на Анџелина Џоли

Американскиот претседател Доналд Трамп го одликува актерот Џон Војт, еден од неговите малобројни приврзаници во Холивуд, со Национален медал за уметност, нарекувајќи го една од најголемите живи филмски легенди.

„Вие сте голем актер“, истакна Трамп на церемонијата во Белата куќа. „Џон е исклучително квалитетен актер и, случајно, некој што навистина го сакам“, додаде тој.

Осумдесетгодишниот актер, татко на актерката Анџелина Џоли, се прослави со улогата во „Полноќен каубој“ (1969), во кој глуми со Дастин Хофман.

Откако во пролетта 2016 година објави дека го поддржува магнатот на недвижнини, не престана да го фали. „Јас, Џон Војт, можам да кажам дека Доналд е забавен. Тој сака да се шегува, но пред сè, тој е чесен човек”.

Треба да знаете
Последни објави