ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски никогаш не кажал дека магистрирал и докторирал во странство, туку дека бил стипендист на тие држави

Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на Фејсбук статусот на Костадин Костадинов

„Костадин лажни вести Костадинов повторно лаже и манипулира. Претседателот Христијан Мицкоски бил стипендист на италијанската влада за време на магистратурата, а за време на докторирањето стипендист на Германија.

Претседателот Христијан Мицкоски никогаш не кажал дека магистрирал и докторирал во странство, туку дека бил стипендист на тие држави и дека во истите поминал дел од својот студиски период.

Костадин лажни вести Костадинов повторно е наместен од својата партија или свесно шири лажни вести како што ширеше лажни вести и за наводниот судир на интереси на претседателот Христијан Мицкоски во врска со негов удел во фирма уште пред да влезе во високата политика, лага која му беше демаскирана од ДКСК.

Костадинов лажеше тогаш. Костадинов лаже и сега. СДСМ само шири лажни вести, во паника од неминовниот изборен пораз на 12 април.“

Треба да знаете
Последни објави