Општина Штип и Општинската организација (ОО) Црвен крст денеска во рамките на Неделата на грижа на стари лица одржа работилница под мотото „Сите сме нивни деца”. Трајче Стојчевски од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип вели дека работилницата имаше за цел да го потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица.
–На оваа работилница присутна беше доктор Мери Шорова која по едукацијата пристапи со совети, одговори на прашања и практичен дел. Како одговорна институција покажуваме дека се грижиме за едукација на граѓаните и нивните потреби, вели Стојчевски.
Секретарот на ОО Црвен крст-Штип, Викторија Милановска вели дека лекарката Шорова на пензионерите им говореше и за тромбозата и срцевите заболувања, а на пензионерите им беа презентирани и техники за прва помош.