Бездомничката Зилда Хенрике дос Сантос Леандро (31) му се приближила на еден човек во Бразил и му побарала пари, поточно 10 денари, за да купи нешто за јадење. Она што камерите за надзор го забележале е шокантно. Наместо да ѝ даде пари на жената или да ја одбие, мажот извадил оружје и двапати пукал во неа.
https://youtu.be/1_9s6WFJrXI
После тоа, тој едноставно продолжил понатаму. На жената прво ѝ помогнал пешак што се обидувал да запре автомобил. Бездомничката ја однеле во болница, каде што починала по некое време.
Полицијата го идентификувала убиецот. Адербал Рамос де Кастро има снек-бар во близина и тврди дека го носел оружјето за да се заштити. Адвокатката рекла дека нејзиниот клиент реагирал така затоа што еднаш го ограбиле, пренесува „Дејли мејл“.