Курти: Тачи треба да даде оставка или ќе биде сменет

Лидерот на Самоопределување, Албин Курти, кој е најсериозен кандидат за нов премиер на Косово,  порача дека со новата Влада, земјата треба да доби и нов претседател. За претседателот Хашим Тачи, потенцираше дека ќе мора да даде оставка, во спротивно ќе биде сменет.
Во  гостување во емисијата „Опен“- на Топ Чанел,  Курти зборувал и за „мини шенгенот“ кој е актуелна тема. Тој вели дека има еден услов за да разговара за идејата на Вучиќ и Рама.
– Ако мини-шенгенот го задржува реципроцитетот Косово-Србија тогаш може да дискутираме. Ќе ја свикав владата и бизнис заедницата за наше учество во оваа иницијатива. Косовските патенти не се признаваат во Србија, можеш да бидеш казнет со 800 евра. Преку мини-шенгенот, Србија сака да ги искористи нашите автопати, кажа Курти.
Албанија, Македонија и Србија досега имаа неколку средби за оваа идеја, но Косово досега не земаше учество.

Треба да знаете
Последни објави