Минималниот К-15 годинава изнесува 9.610 денари, ако не се исплати следува казна

Регресот за годишен одмор или попознат како К-15 е задолжителен ставка која компаниите мора да им ја исплатат на своите вработени до крајот на годината. Регресот за 2019 година изнесува минимални 9.610 денари.
Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари.  Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината. За работодавците кои нема да дадат К-15 следат големи казни, кои се движат и до 4.000 евра.
Истото важи и за оние работодавци кои ќе дадат К-15, а потоа ќе ги побараат парите од вработените назад.

Треба да знаете
Последни објави