Мурињо ќе инкасира два милиони фунти ако го одведе Тотенхем меѓу првите четири тима во Премиерлигата

Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо има силен финансиски поттик во својот нов предизвик да го врати тимот  на Тотенхем во врвот на англиската Премиерлига.  Според „Сан”, на Португалецот му се ветени 2 милиони фунти доколку „петлите” завршат на крајот меѓу четирите првопласирани тимови, што во оваа фаза од сезоната изгледа многу малку веројатно.

Тимот од Лондон моментално е 14. пласиран со 11 помалку од четвртопласираниот Манчестер сити и дефинитивно треба да започнат победничка низа, доколку сакаат да ги зголемат шансите да бидат меѓу кандидатите за пласман во ЛШ.

На прес-конференцијата вчера, Мурињо беше претпазлив да објави дека неговиот тим не може да се бори за титулата оваа сезона, што би била целта следната година. Сепак, навивачите се сигурни дека тој не отпишал пласман во Топ 4, иако тоа нема лесно да се постигне.

Утре „Специјалниот“ ќе го има своето деби на клупата на Тотенхем против Вест Хем, кој е во уште полоша серија од „петлите”, без победа за два месеци и пораз на 5 од седумте одиграни натпревари во тој период.

Треба да знаете
Последни објави