Идната наследничка на Ангела Меркел, на годишниот конгрес на партијата Демохристијанска унија – ЦДУ, се закани дека ќе даде оставка, доколку нејзината партија не успее да ја поддржи во реализација на нејзината визија за Германија.
Анегрет Крамп-Каренбауер побара поддршка од нејзините сопартијци. Нејзината закана за повлекување од функцијата предизвика големи овации и ветување лојалност од нејзиниот главен критичар.
Лоштите изборни резултати и нејзината ниска попларност доведоа до незадоволство внатре во ЦДУ, но во нејзиниот говор, 57-годишната Каренбауер постави ултиматум на своите противници.
„Ако сметате дека Германија што ја сакам не е таа што вие ја сакате… тогаш ајде да завршиме. Сега и денеска. Но драги пријатели, ако ја сакате оваа Германија, ако сакате заедно да одиме по овој пат…тогаш да ги завратиме ракавите овде и сега и да започнеме“ порача таа.
Меркел, која исто така одржа говор на конгресот, постигна помирлив тон, повикувајќи на партиско единство.
Каренбауер е фаворит за наследник на Меркел, кога таа ќе се повлече од лидерската позиција во 2021 година.