Екваторијална Гвинеја соопшти дека пирати киднапирале седум луѓе од различни националности во Гвинејскиот залив, меѓу кои и Срби.
Како што се наведува, пиратите во средата го нападнале бродот за снабдување на компанијата „Ексон мобајл“, во близина на нафтеното поле Зафиро, пренесе АП.
Според соопштението, на бродот имало вкупно 15 членови на екипаж, а потекло од Јужна Африка, Филипини, Србија и Камерон.