Поради пожарите високо ниво на загадување на воздухот во Австралија 

Нивото на загадување на воздухот во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс денеска е рекордно зголемено, а чад што се шири од шумските пожари претставува опасност за возачите поради намалена видливост. Сиднеј, најбројниот австралиски град, четврти ден по ред е прекирен со чад, со што беше рангиран на листата десет најзагадени градови во светот.

Во пожарите од почетокот на ноември загинаа најмалку четири лица, а уништени повеќе од 400 куќи. Во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Квисленд и понатаму има активни пожари.

Треба да знаете
Последни објави