Прва средба на Национална коалиција на граѓански организации кои делуваат во областа на животната средина и заштитата на човековите права

Согласно Стратегијата за реформа на правусудниот систем за периодот 2017-2022, во корелација со проектот: „Еднаков пристап за ефективна правда”, имплементиран од Здружението на граѓани – Центар за еколошка демократија Флорозон Скопје, финансиран од Европската Унија преку грантовата шема од ЦФСД при Министерството за финансии на Република Северна Македонија – „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз ефективните реформи во правниот сектор” EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, се креира Национална коалиција на grass-root организации кои делуваат во областа на животната средина и заштитата на човековите права.

Првата средба на Националната коалиција на граѓански организации ќе се одржи на 22.11.2019 во хотел Порта – Скопје, со почеток од 12:00 часот.  Коалицијата е составена од граѓански организации од целата држава и ќе овозможи поголема видливост и влијание на цивилното општество во демократизациските процеси на локално и национално ниво. Со своето делување ќе лансира бројни иницијативи за да им овозможи на ранливите групи ефикасен пристап до еколошка правда со акцент на механизмот за бесплатната правна помош. Во продолжение, сите демократски методи и алатки ќе бидат соодветно искористени за поголема видливост на watch-dog улогата на граѓанските организации во мониторингот на релевантните примени на политиките, што следствено ќе води кон поврзувачка средина за конституентите.

Во тој контекст ќе се потпишат и Меморандуми за соработка меѓу граѓанските организации врз основа на неспорната премиса дека граѓанскиот сектор, согласно националното, европското и меѓународното законодавство има право на учество во процесите на реформи во правосудниот систем и со своето квалификувано и активно учество да придонесе кон креирање на одржливи решенија, како и да врши мониторинг на националните политики за правна помош, со цел ефикасно извршување на законските надлежности и остварување на фундаменталните човекови права.

 

Треба да знаете
Последни објави