Палестинскиот амбасадор во Русија Абдел Хафиз Нофал изјави дека посетата на рускиот претседател Владимир Путин би можела да се случи во почетокот на 2020 година.
„Рускиот претседател се очекува да ја посети Палестина во почетокот на следната година“, им рече дипломат на новинарите, одговарајќи на прашањето за претстојните билатерални контакти.
Тој изрази надеж дека посетата ќе биде од корист за двете нации, пренесува ТАСС.
Путин последен пат ја посети Палестина во 2012 година, а неговиот палестински колега, Махмуд Абас, беше во Москва минатиот јули.