„Пчеларски календар” е насловот на Прирачникот за пчелари што беше промовиран денеска во Гевгелија. Автори се професорот Александар Узунов од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и долгогодишниот пчелар Борче Павлов. Во Прирачникот, како што истакнаа Узунов и Павлов, се опишани апитехниката, активностите и фазите на функционирање на пчелните семејства во текот на годината согласно специфичностите на климатските и вегетациските услови во земјава. Изнесени се и податоци, како и фенолошки календар за цветање на некои медоносни растенија.
Целта, според авторите, е со пишан материјал како збир на информации да им се помогне на пчеларите, посебно на почетниците во пчеларството, тие правилно да се насочат во нивната работа со пчелните семејства.
Прирачникот е изработен со финансиска подршка на Министерството за земјоделтство, а откако ќе излезе од печат бесплатно ќе им се подели на пчеларите.