СДСМ продолжува да воведува мерки коишто значат унапредување на земјоделството и подобрување на условите за работа на земјоделците. Со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, што беа усвоени на вчерашната собраниска седница, обезбедуваме дополнителна помош за младите земјоделци, за лозарите, но и ги унапредуваме и поедноставуваме условите за користење на европските фондови ИПАРД за развој на конкурентно земјоделство.
Воведуваме дополнителна мерка за вршење на дејност во износ од 20 илјади евра за младите земјоделци до 40 години. Оваа мерка ќе обезбеди значителна поддршка за младите земјоделци да се мотивираат за занимавање со земјоделската дејност. Создадовме услови да се направи и исплата на дел од лозарите коишто што имаа побарувања од винарските визби Повардарие и Стефани, а кои не беа опфатени со претходната исплата. Станува збор за околу 600 лозари, со што ќе биде комплетирана исплатата за сите лозари во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година. Со последните законските измени обезбедуваме предфинансирање на корисниците на мерките од ИПАРД програмата, со што го олеснуваме пристапот до овие фондови.
Земјоделците што се корисници на оваа програма сега парите ќе ги добиваат однапред, пред да започнат со инвестициите, а ќе имаат обврска да ги вратат во период од осум години, без камата. Парите за оваа мерка ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.
Помошта се доделува на корисници чија инвестиција опфаќа реконструкција на објекти, набавување на опрема и воспоставување на капацитети за постбербени активности. Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за СДСМ. Мерките што ги обезбедуваме арантираат преструктуирање и подмладување на земјоделскиот сектор преку силна поддршка за младите земјоделците до 40 години и обезбедување услови за воведување на нови технологии во преработувачката индустрија и постбербените активности.