Судот во Загреб донесена правосилна пресуда според која Северина Којиќ (47), Далас рекордс и Мотиво д.о.о. треба да му платат отштета на сликарот Мијо Ковачиќ (84), во износ од 3.500 евра со камата заради повреда на авторски права, пишува „Јутарњи лист“.
Станува збор за корицата на албумот на Северина „Здраво Марија“, за која се користи дел од сликарскиот опус на Мијо без дозвола на авторот.
„Ако ме прашаше Северина, ќе ѝ ги дадев правата. Но, не ме праша. И не е во ред. Кога ми кажа мојот пријател, јас се вознемирив. Затоа што, со други зборови кажано, тоа е кражба. Вложив труд во тоа, а Северина е популарна ѕвезда. Но, не ја познавам за да можам да ѝ судам. Не ја слушам нејзината музика, не е по мој вкус“, изјави Ковачиќ за „Јутарњи лист“.
Мијо истакнува дека не е сè во парите, а тој би ѝ ги дал авторските права, како што вели, бесплатно. Само да го прашала.



