САД ќе бидат одговорни доколку се изгуби можноста за дипломатски односи, изјави денеска севернокорејскиот заменик минитер за надворешни работи Чо Сун Хуи.
Тој , исто така, кажа дека Северна Кореја презела чекори кон изградбата на доверна со САД, но се што за возврат добила е чуството на предавство, пренесе јужнокорејската агенција Јонхап.
Чо, кој е близок соработник на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и клучен дипломат во ангажманот на Пјонгјанг со Вашингтон, беше во посета на Москва.