Симоновски се раздели со МЗТ Скопје

Марко Симоновски повеќе не е дел од екипата на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром. Разделбата ја обелодени таборот на тимот од Аеродром.
„Македонскиот репрезентативец Марко Симоновски (30 год, 191 см) повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако двете страни денеска со взаемна согласност и на обострано задоволство потпишаа раскин на договорната соработка. Искусниот бек-шутер од 2016 година беше дел од нашиот тим и имаше свој придонес во последните две шампионски титули на нашиот клуб, како и на таа во 2015 година во својата прва сезона во сино-белиот дрес. МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на сѐ што досега прикажа настапувајќи за нашата екипа и му посакува сѐ најдобро во продолжението од кариерата“, пишува во објавата на официјалниот веб сај на клубот.
Ваквиот потег доаѓа на два дена пред вечното дерби со Работнички, закажано за в недела од 18 часот во салата во Градскиот Парк.

Треба да знаете
Последни објави